Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џамбаски: Mицкоски вие сте најлошото нешто што ѝ се случило на Македонија

Џамбаски: Mицкоски  вие сте најлошото нешто што ѝ се случило на Македонија

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски му се обрати на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. 

Тој вели дека правата на Бугарите во Македонија мора да бидат заштитени, но според него, ВМРО-ДПМНЕ тоа не го сфаќа. 

„ДПМНЕ очигледно не разбираат дека е во интерес на македонските граѓани да ги почитуваат меѓународните договори и услови. Не е ЕУ таа што треба да ја земе предвид српско-болшевичката фракција во Скопје, туку сосема спротивното. Има јасни критериуми, Северна Македонија не ги исполнува. Исто така, не го исполнува Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.  Долгорочно, ДПМНЕ, Левица и нивните придружни антибугарски партии отсекогаш биле антиевропски. Европа не може да си дозволи да прифати, па дури и да преговара со земја која одбива да игра според правилата. Затоа, непочитуван Мицкоски и патетичните југоносталгичари од Скопје, мора да разберете – вие сте најлошото нешто што ѝ се случило на Македонија. Вашата омраза кон Бугарија е проблемот. Омразата на која почива таканаречениот „идентитет“. Кулата на лагите и фалсификациите се руши затоа што вистината е на наша страна. А тоа е дека Македонија е бугарска“, порача Џамбаски.


ВМРО-ДПМНЕ потврди дека уставни измени под бугарски диктат нема да прифатат, туку се залагаат за ефективни уставни измени по успешно завршени преговори и членство во ЕУ. Џамбаски постојно провоцира со реченицата дека Македонија е бугарска. 

Слично

Поврзани вести