Џамбаски контра Лорер: Неговата изјава за Пендиков е антибугарска и ксенофобична
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, за изјавата на бугарскиот министер Даниел Лорер во која тој вели дека охриѓанецот Христијан Пендиков не е бугарски државјанин, кажа била целосно антибугарска и ксенофобична. Тој го опиша Лорер, кој доаѓа од коалцијата на претходниот премиер Кирил Петков, како класичен пример за менталитетот на „бандата“, која себеси се нарекува „Продолжување на промената“.
Џамбаски рече дека се случува етничко чистење на Бугарите во Македонија спомнувајќи го примерот со претепаниот Христијан Пендиков во Охрид, пишува софиски Труд.
Тој додаде дека момчето било волонтер во Црвен Крст, односно тоа се луѓе кои помагаат на другите, а не бараат агресија.
„Нивната антибугарска омраза оди дотаму што на сопствените преноси тврдат дека Гоце Делчев бил Македонец, а не Бугарин, бидејќи го немал бугарското име Гоце. Забележете само колку се овие луѓе неуки. Народниот херој се вика Георги Николов Делчев, бил бугарски учител, бугарски офицер, служел во Софија, не во Белград, Атина или Вашингтон и Брисел, пишува во своја рака на литературен бугарски, а македонскиот не бил измислен во тоа време. За себе пишува дека тој е Бугарин. А тие сепак велат „не, зошто тој е Гоце, нема бугарско име Гоце“, вели Џамбаски.
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека секој странски државјанин за кој МВР има информации дека е лице што со влез во земјава потенцијално би ја нарушило националната безбедност, владеењето на правото, јавното здравје или меѓународните односи на државата, согласно Законот за странци, нема да биде пропуштено во државата.
