Џамбаски кажа кога Македонија може да стане членка на ЕУ
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во името на ВМРО-БНД порача дека се согласуваат Македонија да биде членка на Европската држава кога ќе стане нормална држава, „ако може да биде нормална“.
Џамбаски упати порака и до досегашниот владин партнер ГЕРБ.
„Ако си го променат ставот за Македонија, ГЕРБ е исклучен за партнерство со нас“, нагласи тој
Во земјава, резолуцијата предложена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за дефинирање на македонските црвени линии во однос на идентитетските прашања во спорот со Бугарија, е прифатлива за повеќе партии.
Слично
