Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џамбаски ја нападна Србија дека ги поттиснува Бугарите, го поддржува Путин, и не е за во ЕУ

Џамбаски ја нападна Србија дека ги поттиснува Бугарите, го поддржува Путин, и не е за во ЕУ

За Србија нема место во ЕУ, вели бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Тој кажа дека северниот сосед го поддржува Кремљ и рускиот претседател Владимир Путин. 

Бугарскиот пратеник на ВМРО во Европскиот парламент  ја нападна Србија, изјавувајќи дека за неа нема место во Европската Унија затоа што прави провокации во Косово и Босна и Херцеговина, пишува „Б92“.

Србија ја поддржува руската пропаганда за време на војната во Украина. Србија планира во Ниш да го изгради најголемиот руски шпионски центар во Европа“, изјави Џамбаски. Тој додаде дека „Србија ги поттиснува Хрватите и Бугарите“ и дека „гледа како да ги асимилира и протера“. Џамбаски е познат и по провокациите кон Македонија. Тој во изборен спот претходно изјавуваше дека Македонија е бугарска. 

Слично

Поврзани вести