Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џамбаски го прозва Заев за Делчев - Мицкоски брзо му одговори

Џамбаски го прозва Заев за Делчев - Мицкоски брзо му одговори

По повод 149 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, на објава на македонскиот премиер Зоран Заев коментираше дека Гоце Делчев е Бугарин.

„Зоран Заев, јавно пак ќе треба да напоменам дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот Устав името на револуционерната организација е Бугарско македонско-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Бугарски, Зоране, Бугарски, Заев. А Георги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш сам себеси се определил како бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер, бугарски војвода во бугарската револуционерна организација“, напиша Џамбаски. 

На ова му одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

„Бидејќи гледам дека премиерот Заев реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја“, му одговори  Мицкоски.

Заев упати честитка по повод денот кога се одбележува 149 години од  раѓањето на македонскиот револуционерен деец Гоце Делчев.

„Денеска, 4 февруари, на денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело – Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност, додаде Заев. 

Но, ВМРО-ДПМНЕ реагира со критика кон Владата откако од таму како единствен официјален претставник на гробот на Гоце Делчев на одбележувањето на 149-годишнината од раѓањето на револуционерот беше испратен Зоран Димитровски - Жоро, заменик-министерот за локална самоуправа.

Освен во Скопје, и во штипското Ново Село се одбележа 149 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер, апостол и херој, Гоце Делчев. 

Слично

Поврзани вести