Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џамбаски до Пендаровски: И да ми забранат влез, Македонија останува бугарска

Џамбаски до Пендаровски: И да ми забранат влез, Македонија останува бугарска

Европратеникот Ангел Џамбаски провокативно преку социјалните мрежи му возврати на претседателот Стево Пендаровски за предлогот за забрана за влез на бугарскиот политичар  во земјава. Според Џамбаски, забраната нема да ја избрише вистината дека Македонија била и е бугарска.

„Македонија била и е бугарска! Северна Македонија е друга работа. За тоа заслугата е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината!“, пишува Џамбаски.

Пендаровски вчера соопшти дека ќе предложи до Владата Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата во Македонија. На листата на непожелни личности на кои би им бил забранет влезот во земјата би можеле да се најдат и други бугарски државјани, за кои постојат сомневања дека се поврзани со руската разузнавачка служба. 

Ваквиот потег на шефот на државата следува како превентивна мерка, бидејќи на 4 февруари од Бугарија се најавува организирано групно присуство на одбележувањето на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во Скопје, што би можело да дојде до дестабилизација.

Слично

Поврзани вести