Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери закажа седница во 12 часот, собрани 62 потписи

Џафери закажа седница во 12 часот, собрани 62 потписи

Претседавачот Талат Џафери во 12 часот го закажа продолжението на конститутивната седница на Собранието, на која тој повторно треба да биде избран за спикер.

Предлогот за избор на Џафери е поднесен во Собранието со потписи од сите 62 и покрај вчерашните медиумски информации дека пратениците на ДУИ, Муса Џафери и Арбен Зибери, се незадоволни од изборот на кадровските решенија во Владата што треба да добие нов мандат.

Џафери по изборот за претседател на Собранието во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот Зоран Заев.

Инаку продолжение на конститутивна седница требаше да има вчера, но поради превирањата во ДУИ, истата не се одржа.

Слично

Поврзани вести