Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери за Илинден ја повика опозицијата да даде јасна поддрка за референдумот

Џафери за Илинден ја повика опозицијата да даде јасна поддрка за референдумот

Илинден е еден од темелните датуми во историјата на Република Македонија, а најголемата цел на нејзините граѓани, било слободна, независна држава во која почитувањето на човековите права и слободи ќе биде подеднакво за сите без разлика на нивната етничка, верска или која било друга карактеристика, рече претседателот на Собранието Талат Џафери, кој по повод националниот празник Илинден денеска се обрати пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, во центарот на Скопје.

Џафери, меѓу другото, порача дека граѓаните на Македонија се пред уште една голема и можеби судбоносна одлука и повика на сплотеност на сите релевантни фактори околу престојниот референдум.

„Ја повикуваме и опозицијата да преземе дел од одговорноста која што и припаѓа за иднината на државата и граѓаните. Затоа, денеска кога ги одбележуваме двата илиндена и кога изразуваме неизмерна почит и благодарност до сите илинденци, би сакал од ова место да апелирам до сите граѓани на Република Македонија, до сите лидери на политичките партии и до сите мои колеги пратеници од мнозинството и опозицијата, да бидат вистински одговорни и визионерски и со моќта на својот глас да го поддржат исполнувањето на Договорот со кој ќе се исполни стратешката цел, членство во ЕУ и НАТО“, рече Џафери.


Слично

Поврзани вести