Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери за 24 анализа: Нема да ми сметаат знамињата на етничките заедници во кабинетот

Џафери за 24 анализа: Нема да ми сметаат знамињата на етничките заедници во кабинетот

Новиот собраниски спикер Талат Џафери кој постави албанско знаменце во својот кабинет, а потоа во ЕУ отпатува со значка со македонско знаменце, во емисијата 24 анализа беше запрашан дали може овие етнички чуствителни теми кои се доживуваат како провокации да бидат надминати со тоа што тој ќе ги постави знамињата на сите етнички заедници во Република Македонија.

„Јас можам да покренам иницијатива до сите пратенички групи и тие да се консултираат со нивните лидери. Доколку искажат желба нема никакви пречки во кабинетот да бидат истакнати знамиња на етничките заедници како турската, ромската, српската, бошњачката или било која друга во Македонија“, истакна Џафери.

Слично

Поврзани вести