Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери во дуел со Мицевски: Собранискиот деловник треба да биде променет согласно новиот закон за јазици

Џафери во дуел со Мицевски: Собранискиот деловник треба да биде променет согласно новиот закон за јазици

Собранискиот спикер Талат Џафери откако денеска најави дека седниците ќе ги води на албански јазик, влезе во полемика со Никола Мицевски, кооринаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на стартот од пратеничките прашања.

- Собранискиот деловник за работа не ви дозволува седниците да ги водите на албански јазик. Во него пишува дека тие се водат исклучиво на македонски јазик како официјален и службен. Вие ги кршите прописите од овој документ - му се обрати Мицевски од собраниската говорница.

На ова Џафери му се обрати на албански дека има такво право бидејќи Законот за употреба на јазиците е повисок акт.

- Собранискиот деловник на работа треба да се прилагоди според одредбите од Законот за употреба на јазиците и да ги имплементира новите измени - му рече претседателот на Собранието.

Слично

Поврзани вести