Џафери вели дека ниту Заев, ниту Ахмети му е шеф
Лидерска нема да свикам, а шеф не ми е никој, ниту Заев, ниту Ахмети, вели собранискиот претседател, Талат Џафери.
Џафери за свикување лидерска средба, вели дека таквата пракса, на вонинституционално договарање и одлучување, не е добра. Партиски дијалог, оцени, мора да има, во континуитет, но не смее од него да произлегуваат одлуки доколку за нивното спроведување не се испочитуваат правните и законските процедури.
За денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски, Џафери, во гостување на МТВ изјави дека никој не му е шеф, ниту Зоран Заев, ниту Ахмети.
Тој вели дека е претседател на Собранието и дека сите шефови на претеничките групи му се нему подредени. Според него, треба конечно во земјава да се сфати принципот на парламентарна демократија.
