Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери вели дека не им прилега на пратениците да брцаат по контејнери

Џафери вели дека не им прилега на пратениците да брцаат по контејнери

Талат Џафери, претседателот на Собранието, индиректно го поддржа најавениот закон, кој засега останува на ниво на гласини, а со кој на пратениците треба да им се гарантира работно место во јавната администрација по истекот на мандатот. Тој посочи дека „не може некој да биде пратеник 4 години, а после да брка по контејнери“.

Спикерот не одговори конкретно на барањето од група пратеници по истекот на мандатот да имаат бенефиции за врaботување во државната служба. Идеја има, а дали ќе има закон или не, е работа на пратениците, рече собранискиот спикер.

-Не можете да кажете дали поддржувате или не идеја. Јас додека не видам конкретно предлог не можам да се изјаснам дали поддржувам или не – рече Џафери.

Џафери на денешниот брифинг со новинарите не негираше дека постои иницијатива за закон за пратенички привилегии и кажа дека не може да даде коментар додека не го види текстот на законот.

– Идеја како идеја може да постои, може да ја даде било кој пратеник. Но, кај мене нема пристигнато текст или драфт верзија на Закон за пратеници. Можам да се произнесам откако ќе го видам – изјави Џафери.

Во разговор со новинарите Џафери кажа дека во многу земји во светот, со законско решение бил уреден статусот на пратениците по истекот на мандатот.

– И во тие држави има невработени, социјалци, бездомници, не само кај нас. Но сите проблеми се уредуваат со закон – рече тој.



Слично

Поврзани вести