Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери вели дека е можно Кастриот Реџепи да биде дел од актуелното мнозинство

Џафери вели дека е можно Кастриот Реџепи да биде дел од актуелното мнозинство

Собранискиот спикер, Талат Џафери, вечерва во емисија на ТВ21 кажа дека можно е од утре да се знае како ќе изгледа новото парламентарно мнозинство.

Вели дека не е исклучена можноста пратеникот од редовите на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи, да биде дел од актуелното мнозинство, но сепак тоа е лична одлука на Реџепи.

Инаку, Реџепи денеска не дојде во Собранието да гласа за доверба на Владата. 

Колегите се посомневаа дека е киднапиран, го пријавија во полиција, по што тој се јави со видео на социјалните мрежи и кажа дека е добро. 

Слично

Поврзани вести