Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери тврди дека голем дел од опозицијата ќе гласа за промени на Уставот

Џафери тврди дека голем дел од опозицијата ќе гласа за промени на Уставот

Голем дел од опозицијата ќе гласа за промените на Уставот, изјави собранискиот претседател, Талат Џафери во обраќањето на 64. сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Халифакс, Канада.

Според него, можеби нема да има целосен консензус кога ќе треба да се усвојат амандманите согласно Преспанскиот договор, но опозицијата ќе даде поддршка. 

„Следна фаза е широка јавна расправа по нацрт амандманите во која ќе учествуваат најразлични општествени субјекти од академската и експертската јавност, невладиниот сектор, бизнис заедницата. Но, не би сакал да ве оптоварувам со процедурите, само сакам да ве запознаам со еден многу значаен факт а тоа е дека, за почнување на постапката за уставни промени, покрај парламентарното мнозинство гласеше и дел од опозицијата, бидејќи во моментов поголем дел од опозицијата се уште не го поддржува договорот со соседна Грција. Ситуацијата не се разликува ниту во Атина меѓутоа, со одминување на секој ден, се чувствува промената во перцепцијата на овој нов момент во развојот на нашата млада држава, и јас верувам дека прогресивните, визионерските и вистинските родољуби ќе го направат вистинскиот потег за понатамошен сигурен напредок на Република Македонија и на крај, кога ќе треба амандманите да се усвојат во Собранието и да станат составен дел на Уставот“ нагласи Џафери.

Македонија ќе ги заврши своите обврски за полноправно членство во предвидениот рок, истакна Џафери, изразувајќи надеж дека догодина ова време ќе бидеме триесеттата полноправна членка на Алијансата.

Слично

Поврзани вести