Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери со СМС ги известил пратениците дека во Собранието нема струја и утре немаат активности

Џафери со СМС ги известил пратениците дека во Собранието нема струја и утре немаат активности

Спикерот Талат Џафери, ги известил пратениците преку СМС – пораки, дека утре нема да имаат никакви активности во Собранието, како и дека интернет страницата на парламентот не е во функција поради прекин на електрична енергија.

„Почитувани пратеници, ве известувам дека за утрешниот ден нема закажани активности“, гласи една од СМС – пораките.

Пред три дена се појави снимка на која тој пцуе и навредува лица во Собранието, поради што ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од него. Тој засега не се произнесе за снимката. 

Слично

Поврзани вести