Џафери со предупредување до Ѓорчев ја прекина седницата
Откако парлаементарното мнозинство ја наметна како единствена точка на дневен ред изборот на новата влада, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да дојдат до збор на говорницата, но последен кој беше спречен е пратеникот Влатко Ѓорчев.
Тој беше предупрреден од собранискиот претседател Талат Џафери со образложение дека дошол на говорница без одобрение од спикерот.
„Оди на свое место Ѓорчев, не можеш да бидеш на говорница додека не добиеш збор. Ви повторувам треба да си се вратите на своето место“, рече Џафери.
По ова спикерот Џафери даде пауза до 18 часот.
Слично
