Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери со повик до Иванов: Иако нема на кој да му објави војна, нека прогласи вонредна состојба

Џафери со повик до Иванов: Иако нема на кој да му објави војна, нека прогласи вонредна состојба

Пратеникот од ДУИ Талат Џафери во синоќешната дебата на ТВ21 упати повик до шефот на државата да прогласи вонредна ситуација.

Џафери рече дека јавниот повик е доколку таа одлука на претседателот се базира на членовите 122 и 123 од Уставот.

„Иванов знае дека тоа никому не му оди во прилог и знае дека нема на кој да му објави војна“, рече потенцијалниот собраниски претседател.


Талат Џафери од редовите на ДУИ се токми да седне во претседателската фотелја во Собранието. Со оваа одлука пак не се согласува движењето БЕСА откаде што велат дека имаат свој предлог за собраниски претседател.

Собранието денеска ќе ја почне 20 конститутивна седница. Пратениците дваесет дена реплицираат и контрареплицират околу платформата но не и за точките од дневниот ред.

Слично

Поврзани вести