Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери: Секој за себе треба да си гледа пред огледало

Џафери: Секој за себе треба да си гледа пред огледало

Секој треба да се огледа во огледало и да се потсетува кај му е местото, вели спикерот Талат Џафери за случувањата во ДУИ. 

Џафери во интервју за МИА за состојбата во неговата матична партија ДУИ и обвинувањата за корупција, како и кон него лично од страна на некои негови сопартијци, вели дека секој треба „да се огледа во огледало и да си се потсетува кај му е местото“. Доколку некој има проблем треба да биде коректен и да го каже, вели тој, затоа што нема коруптивни колективи.

„Јас лично за себе можам да кажам дека сум мирен по однос на тоа. Барем за себе можам да кажам дека сум мирен по однос на тоа кому што му треба информативно. Впрочем соодветната институција спровела соодветна годишна програма која што ја има во која што сум бил вклучен со сите процедури, значи и известен дека сум дел од Програмата за верификација на она што сум го пријавил во анкетниот лист, завршена е таа процедура. Така што, секој за себе треба да си гледа пред огледало и тоа ја чини после целината. А секој во себе што има проблеми треба да биде коректен и за тоа барем на лидерот треба да му каже и да си најде начин како да се ослободи и да го ослободи од таа перцепција и субјектот, оти нема коруптивни субјекти, сега колективни“, вели Џафери.

За тоа дали ДУИ може со „интерен“ ветинг да ги реши работите во партијата, вели дека тука е проблемот во смисла на она што се дефинира.  Инаку, министрите на ДУИ поднесоа оставки со цел ВМРО-ДПМНЕ да прифати уставни измени и Македонија да продолжи да преговара со Европската Унија(ЕУ). 

Слично

Поврзани вести