Џафери: Седница на Собрание ќе има кога Заев ќе го достави предлогот за состав на Влада
Првата седница на Собранието која ќе ја закаже собранискиот спикер Талат Џафери ќе биде за избор на новата влада, а нејзиното одржување зависи од новиот мандатор Зоран Заев кој треба да го достави предлогот за новиот владин кабинет како и за програмата по која тој ќе работи.
Затоа претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека ќе закаже седница откако мандатарот Зоран Заев ќе ги достави предлозите до Собранието
- Закажувањето на седницата зависи од мандатарот. Во моментот кога ќе добијам материјал ќе закажам седница. Парлалено ќе одат две седници, за избор на влада и за локални избори, рече Џафери.
Паралелно со оваа седница ќе се одржува и седница за измени на Изборниот законик односно за закажување термин за одржување на локалните избори.
Џафери во изјавата по давањето исказ во Јавното обвинителство на РМ за настаните од 27 април во Собранието, рече дека го радува фактот што Иванов го доделил мандатот за фомрирање влада и со тоа придонел да не се создава лоша практика во парламентарниот живот во Македонија.
