Џафери се сретна со американскиот амбасадор без албанско знаме на маса
Новиот собраниски претседател Талат Џафери беше домаќин на амбасадорот на САД во Скопје Џес Бејли, а во неговиот кабинет немаше албански знамиња.
Во кабинетот во текот на состанокот биле изложени македонски знамиња и американското знаме.
Како што пренесоа дел од медиумите, Џафери се откажал од знамето на Албанија во својот кабинет на барање на неговиот партиски шеф, лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Од Ахмети, како што се пишува, телефонски тоа го барале некои амбасадори кои сметаат дека тоа е провокација.
Џафери преземајќи ја должноста претседател на Собранието на 3 мај во кабинетот внесе две албански знамиња, но набрзо потоа ги отстрани бидејќи некои амбасадори го предупредиле Ахмети дека тоа е непотребна провокација.
На средата Талат и Бејли разговарале за идните активности на Собранието во насока на формирање на влада и излез од кризата во политиката која ги кочи сите институции.
