Џафери се чуди кој ли го обвинува
Собранискиот спикер Талат Џафери даде исказ во Обвинителството за организиран криминал , но и натаму не знае ништо за фамозното здружение од Битола кое го обвинува дека е нелегално избран за претседател на Собранието.
Станува збор за граѓанско патриотско здружение од Битола, а пријавата до Обвинителството е од пред една година. Џафери беше службено повикан денеска од таму на распит за да се расчисти целата ситуација.
„Како секој граѓанин на Република Македонија така и јас се одзвав на поканата да дадам исказ. Тоа здружение не е во опсегот на неговите размислувања, и дека истото може да кажува што сака.“, изјави Џафери по распитот.
Тој е пријавен дека на 27 април минатата година непосредно пред упадот на толпата воп Собранието бил избран на противзаконски начин.
