Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери: Пратеник не може да се лиши од слобода без одобрение на Собранието

Џафери: Пратеник не може да се лиши од слобода без одобрение на Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за имунитетот на пратениците вели дека ќе постапи доколку има барање од судската власт.

Според Џафери, не се докрај испочитувани процедурите од страна на институциите.

„Пратеник не може да се лиши од слобода без одобрение на Собранието. Оваа одредба потоа ја прецизира Деловникот во деловите од членот 53 до 59 во сите аспекти на спроведувањето на таа одлука на Обвинителството. Во тој контекст сметам дека не се докрај испочитувани процедурите од страна на институциите. Доколку има барање до мене од судската власт, јас не можам да бирам дали ќе постапувам или не, јас сум должен барањето да го препратам до надлежната институција“- изјави Џафери. 

Претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно- имунинетни прашања, Павле Богоевски вели дека седницата би се одржала и без присуство на опозицијата. Објаснува дека владејачкото мнозинство има доволно пратеници за да обезбеди кворум за работа. Богоевски вели дека кога ќе го добие дописот ќе ја закаже седницата.

Слично

Поврзани вести