Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери поддржан од Британија: Претходната гарнитура да ја предаде власта на мирен начин

Џафери поддржан од Британија: Претходната гарнитура да ја предаде власта на мирен начин

Новиот собраниски претседател Талат Џафери денеска ја доби поддршката и од Велика Британија.

Од британскиот Форин Офис упатија апел до политичките лидери да не потткинуваат меѓуетнички тензии и претходната власт да придонесе за мирен трансфер на власта.

Во пишаната изјава додаваат и дека се подготвени за соработка со Џафери а институциите и сите лица да овозможат ненасилно предавање на власта бидејќи колку побрзо почне имплементацијата на реформите толку подобро ќе биде за граѓаните.

„Обединетото Кралство ја поддржува демократската одлука на мнозинството пратеници во Македонија да го изберат Талат Џафери за претседател на Собранието. Подготвени сме за претстојната соработка со него“, пишуваат од Форин Офисот, дополнувајќи: 

„Ги повикуваме сите лица, институции и партии да овозможат непречен и ненасилен трансфер на власта од претходната владејачка партија кон мнозинската коалиција избрана во декември 2016 година. Колку побргу се формира влада, толку побргу ќе може да почне спроведувањето на итните реформи за доброто на граѓаните на Македонија. Во време на засилени тензии, сите лидери треба да се воздржат од загревање на етничките тензии. Секое такво однесување е опасно и спротивно на интересите на националното единство на Македонија“.

Посебен акцент е ставен на МВР која се повикува да ги извршува задачите без влијание и политички притисок.

Слично

Поврзани вести