Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери: По барањето ќе треба да постапи претседателот

Џафери: По барањето ќе треба да постапи претседателот

Собранискиот претседател Талат Џафери попладнево на прес-конференција изјави дека Собранието не е во можност да се собере, затоа што е распуштено, и го има вратено суверенитетот кај граѓаните. 

Toj бара по барањето за вонредна состојба ќе треба да постапи претседателот Стево Пендаровски. 

Џафери вели дека Собранието не може да се собере и поради забраната за собирање на повеќе луѓе во една просторија. Но, рече дека ова е индиректна причина, а превенствено не може да се соберат пратениците затоа што Собранието е распуштено. 

Владата предлага да се прогласи вонредна состојба на тертиоријата на целата држава. 

Доколку Собранието не се состане, претседателот Стево Пендаровски најави дека ќе се обрати. 

Слично

Поврзани вести