Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери одговори зошто ја прекинал седницата синоќа

Џафери одговори зошто ја прекинал седницата синоќа

Спикерот Талат Џафери изјави дека ноќеска ја прекинал седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски затоа што истекло времето за носење одлука, но и поради однесувањето на пратеникот Мухамед Зекири.

„Седницата е прекината затоа што одмина времето предвидено за носење одлука до 24.00 часот. Седницата е прекината поради однесувањето на пратениците, а посебно на пратеникот од мнозинството Мухамед Зекири. Што кажа, како кажа, мислам дека не е местото јас да повторувам. Во таква ситуација, обврска моја е да ја прекинам седницата“, изјави Џафери.

Џафери вели дека не го спасил Вељаноски од притвор, бидејќи одговорноста на пратеникот не може да се избегне во судска постапка.

Вељаноски е осомничен дека е еден од организаторите на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. 

Павле Богоевски, независниот пратеник од парламентарното мнозинство, го обвини претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека го спасил организаторот на настаните на 27 април, Трајко Вељановски, иако „крвавиот четврток“ се случи веднаш по изгласувањето на парламентарниот спикер.

Слично

Поврзани вести