Џафери од Мечкин Камен - Имаме заедничка татковина и сите сме одговорни за Македонија
Претседателот на Собранието Талат Џафери ја имаше честа да се обрати на Мечкин Камен по повод одбележувањето на Илинден, денот кога е кренато Крушевското востание во 1903. За таа пригода собранискиот спикер цитираше дел од Крушевскиот манифест кој бил ширен до населението да се приклучи на борбата за слобода.
„Елајте браќа муслимани при нас, да тргенеме против наши и ваши душмани, под бајракот на Македонија, Македонија е наша и ваша мајка. Мили наши комшии, eлајте при нас“.
Џафери истакна дека водачите на Илинденското востани, Карев, Делчев, Питу Гули покажале дека имале високоразвиени цивилизациски вредности за заедништво и толеранција, без разлика на вера, националнот, пол.
- Мислам дека сите ние треба да бидеме горди што нашите предци се бореле за соживот и толеранција, за мултикултурно општество. Да не заборавиле дека историјата ја детерминира сегашноста, токму таа детерминација била мотивација, и за Македонците, Турците, Албанците и многу други кои во 1941 се бореле против фашизмот.
- Во овие 26 години самостојност поминавме низ повеќе премрежија и кризи, но најважно е што кај граѓаните не се наруши духот на соживот.
Ние имаме една заедничка татковина Република Македонија и сите сме одговорни да ја зачуваме за нас и идните поколенија. Сите ние споделуваме уште една заедничка определба а тоа целосна интеграција во ЕУ и НАТО. За жал, на патот стои спор за кој што верувам го знае меѓународната јавност. Оптимист сум дека доколку пристапиме сериозно и зрело за надминување на овој проблем ќе се искачиме погоре на скалата на политичка одгворност и зрелост.
Актуелната влада работи за решавање на ова прашање, со цел побрзо да се посветиме на реформите кои се потребни доколку сакаме да се вратиме на брзата пруга за членствово НАТО и ЕУ.
Периодот кој следи налага тешки одлуки и решенија, кој во еден рок ќе ја покажат придобивката за сите граѓани., рече Џафери.
Тој го посочи договорот за добрососедство со Бугарија потпишан од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов како пример за патот на Македонија кон подобрување на односите и придвижување кон ЕУ.
