Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери не сака да брза, иако Европската комисија и Дескоска вршат притисок

Џафери не сака да брза, иако Европската комисија и Дескоска вршат притисок

Талат Џафери со реакција на Фејсбук уште еднаш повтори дека не планира предлог-законот за јавно обвинителство кој треба да го опфати понатамошното работење на СЈО да го стави на дневен ред на собраниска седница пред одржувањето на претседателските избори, иако тоа го бара министерката за правда Рената Дескоска.

- Собранието на Република Северна Македонија работи согласно Деловникот, а не врз основа на диктат, а уште помалку според одредени индивидуални претензии, па дури тие да се и на еден министер, било кој и да е, напиша Џафери на Фејсбук.

Џафери се до 5 мај нема намера да ги става на гласање двотретинските закони каков што е овој за Јавно обвинителство за партиите да не ја злоупотребуваат собраниската говорница.

Талат Џафери и вчера истакна дека и да се договорат партиите за СЈО деновиве, тој нема да закаже седница за гласање на закон кој се носи со двотретинско мнозинство, туку тоа ќе го направи по 6 мај 2019 година, по завршувањето на претседателските избори, бидејќи не сака да ризикува на тие седници да се води предизборна кампања.

- Јас не знам какви се размислувањата на претседателот Џафери, но можам да кажам дека она што доаѓа од Владата, е ако се постигне согласност и се договориме за Законот за Јавно обвинителство, во најскоро време тоа да биде преточено во закон и да биде ставено на седница на Собранието, зашто тоа е услов за добивање препорака од Европската комисија, вели Дескоска.


Слично

Поврзани вести