Џафери: Не поддржува демократскиот свет, прифатете ја реалноста
Новиот собрански спикер Талат Џафери рекол дека очекува „другата страна да размисли за ситуацијата во Македонија и да ја прифати реалноста на новото парламентарно мнозинство“.
Џафери за швајцарскиот портал на албански јазик Albinfo.ch рекол дека работите повеќе не се во раце на ВМРО ДПМНЕ и дека не е на нив да донесуваат политички одлуки.
„Не е важно што моите претходници не го признаваат изборот на оваа функција, бидејќи имаме поддршка од релевантни организации, САД, ЕУ, и други демократски држави, како и Косово и Албанија“, вели Џафери.
Тој рекол дека во животот „имал многу слични предизвици“ и дека после се што се случило потребно е да се демонстрира “сложеност и храброст“.
„Она што се случи е без преседан во демократскиот свет. Се надевам дека граѓаните и политичките партии ја разбираат моменталната ситуација. Би требало да изразиме благодарност на повеќето граѓани, посебно на Албанците кои не дозволија да станат жртви и алиби на намерите кои посебно ги има Иванов“, рекол Џафери.
Како што пренесува порталот, тој смета дека на Македонија и е нанесена голема штета и дека е неопходно брзо да се поправи.
