Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери не ги забранува 10-те пратенички групи на ДПМНЕ, но ако злоупотребуваат ќе има реакција

Џафери не ги забранува 10-те пратенички групи на ДПМНЕ, но ако злоупотребуваат ќе има реакција

Според претседателот на Собранието Талат Џафери нема деловнички пречки за формирање на десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, но доколку тенденцијата на пратениците на опозицијата е да го доведат до колапс Собранието, ќе има сосодветна реакција. Џафери вели и потегот отворил дилеми и дали ВМРО-ДПМНЕ можеби имаат внатрешни проблеми во коалицијата. 
„Нивното постапување, впрочем и постапувањето на секој пратеник или пратеничка група ќе резултира со мое постапување, доколку оценам дека тоа е намерно.“ - изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.

Формирањето на десет пратенички групи од ВМРО-ДПМНЕ се бележи за прв пат во македонската парламентарна историја и истото ќе им овозможи 10 координатори кои ќе имаат право на говор од 15 минути, можност за процедурални забелешки во секој момент, како и барање за пауза од еден час, која спикерот е обврзан да ја додели.  

Со овие методи ВМРО-ДПМНЕ ќе може максимално да го блокира работењето на Собранието, а од партијата велат одлуката доаѓа како реакција на тајноста со која СДСМ ја води владата недозволувајќи дебата за важни прашања.


Слично

Поврзани вести