Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏАФЕРИ НАЛУТЕН ЗА ДОЦНЕЊЕТО НА ПРАТЕНИЦИТЕ: По паузата седницата ја почна во празна сала

ЏАФЕРИ НАЛУТЕН ЗА ДОЦНЕЊЕТО НА ПРАТЕНИЦИТЕ: По паузата седницата ја почна во празна сала

Собранискиот спикер, Талат Џафери, по паузата која траеше еден час и 15 минути, пленарната седница за избор на нов владин кабинет, ја почна седницата во празна сала, бидејќи пратениците доцнеа. Се обрати кон режијата од која побара да се прикаже дека во салата нема никој присутен, истовремено се обрати до народните избраници да го почитуваат времето и да бидат точни. Неговото обраќање до нив навистина имаше остра реторика:

-Не сум вреќа за удирање и стрес некој да средува свој. Јас сум претседател. Да бидеме точни, конзистентни за мене нема потреба од академско доцнење. Има пратеници во прв мандат кои уште не ги разбираат предусловите, се обрати Талат Џафери до пратениците кои задоцнија.


Слично

Поврзани вести