Џафери на средба со Бејли и Тимоние - за што ќе разговараат?
Новиот собраниски спикер, Талат Џафери во моментов е на средба со американскиот амбасадор, Џес Бејли во неговиот кабинет во Парламентот.
Ова е втора ваква средба на Џафери по онаа со евроамбасадорот Самуел Жбогар.
По средбата со Бејли, Џафери во својот Кабинет ќе го прими и францускиот амбасадор Кристиан Тимоние. Според најавите со него ќе разговараат за случувањата по 27.април како и следните активности на Собранието за решавање на политичката криза.
Слично
