Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери му прати писмо на Иванов па „летна“ за Брисел

Џафери му прати писмо на Иванов па „летна“ за Брисел

Новиот собраниски спикер му испратил писмо на шефот на државата Иванов за новото парламентарно мнозинство кое бара мандат за состав на новиот владин кабинет.

Оваа информација од собранието ја потврдиле за ТВ24.

Имено, Талат Џафери на вториот работен ден замина во официјална посета на Брисел на покана на еврокомесарот Јоханес Хан.

Џафери според пишувањата на дел од медиумите кои се повикуваат на соопштение од Кабинетот на собранискиот претседател во Брисел ќе се сретне со Хан, но и со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани како и европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Според соопштението  Џафери на средбите е ја реафирмира определеноста на Македонија за полноправно членство во Европската Унија, како и улогата на Парламентот во тие процеси.

Слично

Поврзани вести