Џафери ќе ја води реформската агенда во Собрание од септември
Претседателот на Собранието, Tалат Џафери, најави дека ќе ги употреби сите деловнички инструменти за непречена работа на Собранието. Во интервју за Телма кажа дека во првата половина на септември на дневен ред ќе бидат законот за јазици, за минималната плата, за стечајците.
- Клубот на пратеници и Постојаната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот се активни и во периодот кој е пред нас и ќе го дадат својот придонес во реализација на Планот 3 – 6 – 9. Собранието во Деловникот го има регулирано прашањето на пратеничките прашања, а идејата, односно подготвеноста на Владата за целосна транспарентност и надзор да се овозможи поставување на пратенички прашања на почетокот на новосвиканата седница во времетрање од еден час, Ве уверувам ќе се реализира по завршувањето на локалните избори. Парламентарните партии, на координација ќе го усвојат заклучокот кој ќе биде изготвен од работната група раководена од моја страна, искуствата од примената на заклучокот ќе бидат преточени во Деловникот на Собранието. Убеден сум дека во изнаоѓањето на решенија за пратеничките прашања активно ќе учествуваат и претставници на Владата, претходно му пиша Џафери на Заев за активностите по краткиот одмор за пратениците.
Слично
