Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏАФЕРИ ЌЕ ИМА ПЕТ ЗАМЕНИЦИ: За функцијата заменик-претседател на Собранието надомест од по 20.000 денари

ЏАФЕРИ ЌЕ ИМА ПЕТ ЗАМЕНИЦИ: За функцијата заменик-претседател на Собранието надомест од по 20.000 денари

Бројните критики на опозицијата не го спречи мнозинството во Собранието да изгласа одлука, спикерот Талат Џафери да има дури пет заменици.

Опозицијата смета дека пет потпретседатели е премногу и само создава дополнителни финансиски трошоци, особено во време на епидемијата кога земјава се справува со корона вирусот, бидејќи потпретседателите на платата од 60.000 денари добиваат плус 20.000 денари за заменичкото место.

Во претходниот собраниски состав, Џафери го заменуваа Горан Мисовски, Фросина Ременски, Зекир Рамчиловиќ и Весел Мемети, но само Мисовски раководеше со една од пленарните седници. 


Слично

Поврзани вести