Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери ќе чека да поминат 10 дена додека Иванов има рок да го даде мандатот

Џафери ќе чека да поминат 10 дена додека Иванов има рок да го даде мандатот

Новиот спикер, Талат Џафери ќе чека да поминат 10 дена додека претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов има рок да го даде мандатот за формирање Влада. 

Потоа сѐ ќе биде во рацете на парламентарното мнозинство.

За комуникацијата на двата претседателски кабинета, неговиот и оној на претседателот на државата, и недоумиците за тоа од кога почнува броењето на 10-те дена во кои Иванов треба да го додели мандатот за формирање нова Влада, Џафери вели „јас не сум обременет со суети, па така најдовме компромис и за тоа“.

„Јас не го толкувам Уставот, јас само го читам како што е напишан. Варијантата да не го даде од која било причина значи кршење на Уставната одредба. Да сме на чисто. Јас никого не молам, а најмалку Иванов. Јас чекам, затоа што имам обврска да го чекам истекот на тие 10 дена. После тој рок сѐ е во рацете и волјата на парламентарното мнозинство“ - изјави Џафери. 

Во однос на локалните избори, Џафери рече дека тие ќе се одржат кога политичките партии ќе постогнат консензус околу датумот. Откако ќе се случи тоа, партиите ќе треба да го известат Џафери, а тој да закаже седница за измена на Изборниот законик.

Џафери додава дека партиите мора да го почитуваат законскиот рок од 70 дена до одржувањето на локалните избори.

За одземање на имунитетот на пратениците кои учествувале во настаните од 27 април, Џафери вели дека според законот имунитетот ги штити за кривични дела до 5 години.

Слично

Поврзани вести