Џафери кажа зошто зборуваше на албански во Брисел
Собранискиот претседател Талат Џафери во интервју за емисијата 24 анализа во врска со интерпелацијата вели дека основа на тоа е повикување на Уставот. Неколку пати истакнуваше дека не се правда и ја цени стостојбата.
„Собранието не е на Албанците и Македонците, туку е за сите. Јас зборувам и на македонски јазик во Собранието. Уставот е флексибилен. Не го прекршив Уставот и во иднина, немам предрасуди и го користам во моментот она што ми е најделотворно што ќе ја претставува државата и на оние кои им пренесувам порака од државата.“ - рече Џафери.
Рече дека во Европскиот параламент имаат право да го користат она што го знаат најдобро, а после друго е документите официјални на кои јазици ќе се објават.
Левица и ВМРО-ДПМНЕ деновиве поднесоа интерпелација за собранискиот претседател Талат Џафери, затоа што тој говореше на албански јазик пред Комитетот на министри на Европскиот парламент (ЕП) во Брисел.
