Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

Има обиди за изборен инжинеринг, вели Талат Џафери од ДУИ. 

Рече дека има добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инжинеринг со вон-институционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во Државната изборна комисија (ДИК), во врска со приговорите. 

„Според извештаите, овие претензии за изборен инжинеринг имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собранието, преку политички договор на маса. Кредибилноста на изборите и на демократскиот процес, прифатен и поздравен од сите партии и од меѓународната заедница, сега е во рацете на Управниот суд. Ги поканувам сите институции да постапат согласно законот, без партиски и политички директиви од која било страна и да го штитат кредибилитет на изборниот процес до крај“, рече Џафери на прес - конференцијата.

Има одлука на ДИК да се прегласува во седум избирачки места од две изборни единици по спроведените парламентарни избори на 8 мај.

Бујар Османи од ДУИ на средба со амбасадорите деновиве спомена дека има обиди за компромитирање на изборниот процес. 

Слично

Поврзани вести