ЏАФЕРИ: Хашките случаи се затворено прашање
Според техничкиот премиер, Талат Џафери, Хашките случаи се затворено прашање и покрај барањето на Советот на Европа
Вели дека тоа е прашање регулирано со закон и потврдено со одлуки на Уставниот суд. Владата на Македонија на 15 јануари доби писмо од Советот на Европа, од комесарката за човекови права Дуња Мијатовиќ со препорака да се укине амнестијата и македонските судови да ги пресудат овие случаи. Но, според Џафери, меѓународните трибунали не се врзани со домашното законодавство. Дел од политичките партии се согласија со оваа препорака за отворање на хашките случаи.
Слично
