Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери го избегнува прашањето дали постои криза меѓу СДСМ и ДУИ

Џафери го избегнува прашањето дали постои криза меѓу СДСМ и ДУИ

Шефот на Собранието, Талат Џафери, го одбегна прашањето дали во моментов постои политичка криза помеѓу владините коалициони партнери СДСМ и ДУИ откако законодавниот дом не му го одзеде пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски.

"Не можам да кажам ништо во врска со ова, јас не сум политички личност, јас сум претседател на собранието. Политичките партии мора да се справи со тоа“ рече претседателот на Собранието во емисијата „200“ на Алсат,

Наведе дека професионално си ја завршил обврската, иако точката за гласање со која требаше да му се одземе имунитетот на Вељаноски на барање на судот не беше ставена за гласање и измина рокот од пет дена, а неговата матична партија не должи никому ништо, алудирајќи на гласините дека ДУИ со тоа се раздолжува кон ВМРО-ДПМНЕ.

"Го ценам мислењето на секој граѓанин, особено оние кои гласале за мене како пратеник. Но, нивната дилема е базирана на она што им е сервирано. Не постои процедурален пропуст на Талат Џафери. Никој на сила не може да му поставува услови за тој да работи спротивно на законите, регулативите и конституирањето на Собранието ", рече Џафери, додавајќи дека ДУИ не должи на ниту една политичка партија.

"Ние не должиме никому, нема таков политички субјект. Ние им должиме само на граѓаните кои нè избраа. ДУИ нема таков долг, ниту кон ВМРО ниту кон СДСМ од периоди кога сме биле заедно владини партнери“, додаде Џафери.


Слично

Поврзани вести