Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери ги распиша изборите и апелираше да се одржат во фер атмосфера

Џафери ги распиша изборите и апелираше да се одржат  во фер атмосфера

Претседателот на Собранието,  Талат Џафери точно напладне го потпиша решението за распишување на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври.

Toj апелираше до сите учесници пред и за време на изборите да се однесуваат во согласност со Уставот и законските одредби, а институциите да обезбедат изборите да протечат во мирна, фер и демократска атмосфера како што заслужуваат граѓаните. 

„Според законските одредби локалните избори ќе се одржат во недела на 15 октомври 2017. Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до органот за спроведување на изборите Државната изборна комисија. Собранието за време на предизборниот период ќе работи но нема да има пленарни седници за пратениците да можат да се посветат целосно на изборната кампања но и за да не ги претворат седниците во изборна кампања“ – изјави Џафери. 

Собранието до 25 септември ќе работи најнормално. 

Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија. 

Слично

Поврзани вести