Џафери ги повика пратениците на опозицијата да си ја оправдаат својата плата со работа
Собранискиот спикер Талат Џафери вели дека ВМРО-ДПМНЕ поставува ултиматуми.
Тој денеска изјави дека партијата поставила ултиматум дека ќе прави кворум, но само ако се дискутира за според нив најважните точки што според Џафери се коси со деловникот, затоа што сите точки веќе се ставени на дневен ред. Но, и додава дека ќе ја свика седницата кога ќе биде сигурен дека ќе може да се обезбеди кворум, а пратениците на опозицијата ги повика да си ја оправдаат својата плата со работа. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие не се должни да прават кворум и дека за тоа служи парламентарното мнозинство. Во меѓувреме пак и натаму тие, но и Левица го блокираат законот за државјанство поради кој пак албанскиот опозициски блок ги кочи сите останати други закони.
Нема нови седници на Собранието додека не оздрават пратениците кои имаат ковид и владејачкото мнозинство да комплетира кворум од 61 пратеник.
