Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери е во посета на Украина: Сликите потсетуваат на Косово и Сребреница

Џафери е во посета на Украина: Сликите потсетуваат на Косово и Сребреница

Сликите потсетуваат на Косово и Сребреница, ова е геноцид и ништо друго, вели собранискиот претседател Талат Џафери кој е во посета на Украина. 

Џафери, придружуван од украинска делегација, предводена од претседателот на Врховната Рада, Руслан Стефанчук, денеска ја посети Украина, поточно киевската област и местата каде што, според тврдењата на украинските власти, се пронајдени масовни гробници.

„Чест ми беше да ја прифатам поканата лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично да ги согледаме последиците од инвазијата на Руската Федерација кон Украина“, изјави Џафери за медиумите за време на обиколката.

Како што посочи тој, неговата посета е симбол на лична, институционална и поддршка од граѓаните на Република Северна Македонија кон народот на Украина и украинските институции.

Слично

Поврзани вести