Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери е дециден дека Иванов е ДОЛЖЕН да го потпише указот за Законот за употреба на јазиците

Џафери е дециден дека Иванов е ДОЛЖЕН да го потпише указот за Законот за употреба на јазиците

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов според Уставот е должен да го потпише указот на Законот за употреба на јазиците, вели Талат Џафери, еден ден откако Иванов најави дека повторно нема да го потпише законот бидејќи е неуставен. 

Според претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери законот е донесен на законски начин и Иванов со евентуалното непотпишување ќе направи сериозно прекршување на Уставот.

„Членот 75 од Уставот на Република Македонија е јасен. По повторното гласање со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници во Собранието, како што е вчерашниот случај со законот, Претседателот на државата е должен да го потпише указот за донесување на законот. Во спротивно ќе ги прекрши законските одредби“, изјави Талат Џафери – Претседател на Собранието


Слично

Поврзани вести