Џафери до Апасиев: Барањето за свикување седница за пратенички прашања не ги исполнува условите
Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, со статус на Фејсбук соопшти дека побарал да биде свикана седница за пратенички прашања во Собранието.
И покрај тоа што, спикерот Талат Џафери до сега никогаш не коментирал статуси на социјалната мрежа, како што соопштуваат од неговиот Кабинет, во врска со ова барање денеска експресно му врати одговор на Апасиев и тоа со официјален допис.

Во дописот Џафери наведува дека барањето на Апасиев не го исполнува условот за свикување посебна седница за пратенички прашања.
-Претседателот на Собранието може да свика седница и по барање на претседателот на Републиката, Владата и најмногу 20 пратеници“, му одговара Џафери на Апасиев.
Слично
