Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери чека “перфектен тајминг“ за Законот за јазици

Џафери чека “перфектен тајминг“ за Законот за јазици

Според претседателот на Собранието Талат Џафери  законот за употреба на јазиците ќе биде пратен до Службен весник на РМ кога ќе се процени дека е дојдено соодветно време, но не прецизира кога тоа би можело да се случи.

– Имајќи предвид дека нема рокови во однос на објавувањето на законот за јазици, сметам дека во соодветно време, кога ќе проценам дека треба да се прати законот до Службен весник, тој ќе се објави и потоа да можат другите надлежни институции да се произнесат по однос на текстот на законот односно за оние укажувања и дилеми кои се искажаа во јавноста – вели Џафери  во интервјуто на Радио Слободна Европа.

Несомнемно атмосферата во јавноста се вжештува секогаш кога ќе се спомене ова прашање.

Џафери не сака да ги коментира гласините дека ДУИ калкулира со Законот за јазици и игра топло-ладно за во случај на предвремени парламентарни избори, кои се во игра со претседателските, да го извади повторно и да го направи тема.



Слично

Поврзани вести