Џафери: 70 насто од граѓаните сакаат во ЕУ
Македонија не само декларативно туку и суштински работи на исполнувањето на обврските за доближување до европските идеали, принципи и стандарди истакна собранискиот спикер Талат Џафери, во обраќањето пред присутните на конференцијата на процесот на соработка на југоисточна Европа во Љубљана.
За ова имаме политички консензус од сите релевантни политички субјекти а што е уште побитно, истражувањето на јавното мислење покажува дека над 70 проценти од граѓаните се исто така за интеграција во евроатланското семејство, истакнал Џафери.
- Убеден сум дека парламентарното собрание на процесот за соработка во југоисточна Европа и другите организациски форми, треба а верувам и можат да помогнат во изнаоѓање на вистинските одговори и мерки на актуелните геостратешки процеси. Во исто време, тоа ќе биде и нашиот придонес во зацврстувањето на местото, положбата и улогата на европската унија во глобалните геостратешки движења кои се случуваат на светско ниво, истакнал Џафери во Љубљана.
