Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏАБЕ НИ СЕ И 200 И 300 ХИГИЕНИЧАРИ, АКО ГРАДОТ НЕ ЧИСТИ СПОРЕД ИНГЕРЕНЦИИТЕ: Хигиената во градот му пречи и на Герасимовски

ЏАБЕ НИ СЕ И 200 И 300 ХИГИЕНИЧАРИ, АКО ГРАДОТ НЕ ЧИСТИ СПОРЕД ИНГЕРЕНЦИИТЕ:  Хигиената во градот му пречи и на Герасимовски

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во ТВ 24, рече дека е презадоволен од општинските работници задолжени за одржување на хигиената во општина Центар, но оти не е задоволен од тоа како ЈП „комунална хигиена“ која е под ингеренции на градот Скопје,си ја врши работата.

„Сликата за јавната хигиена често зборува за нередовното одржување чистота во општините. Но џабе ни се и 200 и 300 хигиеничари ако градот не чисти според ингеренциите. Измешаноста на ингеренции носи погрешна слика кај граѓаните и преработеност на хигиеничарите.

Во Студио 10 на Телевизија 24 зборував дека доколку постои некаква законска можност или регулатива ние како општина да ги преземеме ингеренциите верувам дека хигиената ќе биде на многу многу повисоко ниво.“ рече тој.



Слично

Поврзани вести