Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВОУМЕЊЕ ИМА: Две земји не се убедени дека Македонија треба да ги почне преговорите

ДВОУМЕЊЕ ИМА: Две земји не се убедени дека Македонија треба да ги почне преговорите

Две европски земји не се сигурни дека Македонија треба да ги почне преговорите со Европската Унија. 

Франција и Холандија се меѓу најскептичните членки за почеток на преговорите на Унијата со Македонија. Ова за Миа го изјави унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто, по работниот појадок на министрите на Унијата со Никола Димитров и Бујар Османи во Брисел. Белгија има помек став по ова прашање. 

Холандскиот министер Стеф Блок  по состанокот потврди дека за нив не е доволен само Преспанскиот договор за напредокот на земјата во евроинтегративните процеси.

„Важно е Северна Македонија да продолжи да напредува, Холандија е строга и праведна во однос на примената на условите и мислиме дека е од најголема важност Северна Македонија да покаже јасни резултати, посебно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, оддаваме признание за решавањето на спорот за името, но тоа не го прави помалку потребно покажувањето напредок во другите области“, изјави  Блок за МИА.

Истото го потврди и белгискиот шеф на дипломатијата, Дидие Рејндерс. 

„Спорот за името беше еден вид предуслов, и беше извонредно исполнет, сега сакаме законите да се изгласаат, но и да се спроведат, и знаеме дека спроведувањето е секогаш најкомплицираниот дел“, рече Рејндерс за МИА.

Тој за македонската државна агенција изјави дека членките на Унијата ке инсистираат не само на донесување на реформските закони, туку и на нивното спроведување.

Нашата европска перспектива ја поддржа и грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос.

Споменатите две земји и минатата година изразија резерва за почнување преговори со Македонија и Албанија. 

Слично

Поврзани вести