Двојно помалку од лани: Колку пари се потрошени за јавни набавки?
Според податоците на Бирото ја јавни набавки, вкупно 94,6 милиони евра биле потрошени за јавни набавки на државните и јавните институции во првиот квартал годинава.
Биле објавени 4.768 јавни набавки, а биле склучени 3.004 договори во вкупна вредност од 5.821.425.946 денари.
Во првиот квартал најмногу пари за јавни набавки потрошиле: Балкан Енерџи Груп, Електрани на Македонија и ЕВН Македонија, а според бројот на јавни набавки на пиедесталот се наоѓа Клиничкиот центар во Битола.
Според податоците на Бирото, минатата година во истиот период биле потрошени двојно повеќе пари за јавни набавки.
Слично
