ДВОЈНА СРЕЌА ВЕДНАШ ПО ПОЛНОЌ - први годинава дојдоа братче и сестриче
Двојна среќа на само неколку минути по полноќ. Близначиња, братче и сестриче, се првите деца што се родија во новата година на скопската клиника.
Радосната вест ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил.
„Ви посакувам среќна 2020 година, исполнета со многу љубов, успеси и добро здравје!
Утрово, на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, се родија првите бебиња, две близначиња во 2020 година. Првото е женско, родено во 00:01, а второто е машко и е родено во 00:03 часот. Да се живи и здрави! На родителите им посакувам убава, среќна и бериќетна година!“, соопшти министерот.
Фото интернет
Слично
